Avenue 44 е создаден со едноставна идеја: современата мода не треба да завршува таму каде што завршуваат стандардните големини.
Во Македонија изборот значително се намалува кога се бара облека надвор од најчесто застапените големини. А кога изборот е помал, често се намалуваат и можностите за добар крој, современ изглед и квалитетни материјали.
Avenue 44 го градиме за да понудиме поинакво искуство. Внимателно избрани брендови и модели во поширок спектар на големини, каде што првиот критериум и понатаму е дали парчето изгледа добро, удобно се носи и има место во современа гардероба.
Ако досега изборот често значел да се задоволиш со она што е достапно, наместо со она што навистина ти се допаѓа, Avenue 44 е создаден токму за тој простор.
Не само повеќе големини, туку повеќе модели, различни кроеви и гардероба што не изгледа како компромис.
За оние што сакаат облеката да изгледа современо и да се вклопи во нивниот личен стил, без разлика на бројот на етикетата.
Нудиме брендови што имаат искуство со поширок спектар на големини и разбираат дека добриот „фит“ не се добива само со зголемување на мерките.
Тоа е принципот според кој ја градиме Avenue 44. Со подобар избор, внимателно одбрани брендови и гардероба што остава повеќе простор за тоа што навистина ти се допаѓа.
Остави ја твојата е-пошта и добиј 10% попуст за твоето прво купување во Avenue 44.
Е-поштата ќе се користи за испраќање на твојот купон. Маркетинг пораки ќе добиваш само доколку се согласиш. Политика за приватност